САД во нападот со беспилотно летало на 12 март во Сомалија го убија лидерот на исламистичката група Al Shаbab, Adan Garar, поврзан со нападот на трговскиот центар Westgate во Најроби во 2013 година, соопшти Пентагон.
Adan Garar бил припадник на службите на Al Shаbab за известување и безбедност чија задача била да ги координира надворешните активности на екстремистичката група, додава Пентагон во своето соопштение.
На основа на оперативни разузнувачки податоци, американските сили со помош на беспилотно летало го нападнале возилото во кое бил Adan Garar во околината на Diinsoor во Сомалија.
“Нападот беше успешен и Garar е убиен”, наведува Пентагон.
“Беше голема закана за регионот и за меѓународната заедница”, а неговата смрт е тежок удар за оваа терористичка група, додава Пентагон.
Во нападот на трговскиот центар Westgate во Најроби во Кенија загинаа 67 лица, а повеќе од 175 беа ранети во септември 2013 година.
{loadposition content9}