Skip to main content

Пештерски деца пронајдени во Колубија

Спасувачката служба во областа Бојака, во централна Колумбија, спаси пет деца, кои од своето раѓање живееле изолирани од светот во пештера, која ја ископал нивниот татко.

 |   | 
peshterski deca
пештерски деца
peshterski decaДецата, на возраст од осум месеци до 11 години, се пронајдени на 14 мај во пештера во близина на градот Турмеке, јавија колумбиските медиуми, нагласувајќи дека тие биле преплашени од луѓето, кои ги пронашле.

– Со оглед на тоа дека немале никаков контакт со надворешниот свет, не беше лесно да се извлечат од пештерата, а уште потешко да се искапат. Особено се плашеа од телевизија, изјави еден од спасувачите.

Едно од децата, две годишно девојче, сместено е во болница поради неухранетост, додека останатите четворица се предадени на колумбискиот Институт за заштита на семејството.

Според локалните медиуми таткото на децата, Бернардо Калвучо Ариса, кој не бил присутен на спасувачката операција, пред неколку години доживеал тешка несреќа, која врз него оставиле психолошки последици.

Колумбиските власти соопштија дека се уште не ги пронашле таткото и мајката на децата.
{loadposition content9}