Во капитализмот се чини дека за се има пазар, а ова се петте најглупави изуми на кои некои луѓе добро се збогатиле.
Топчето Koosh – Топчето koosh го изумил уште во 80-те Scott Stillinger. Идејата била едноставна и сакал да изработи топче кое се фаќа едноставно па така го создал гуменото топче со реси со кое за кратко време станал милионер.
Перница која може да се стави во микробранова печка – Претприемачката Kim Lavine во 2002 година дизајнирала перница која може да се загрее во микробранова печка и тој изум ја сменил нејзината финансиска состојба. Пред изумот нејзиниот сопруг ја изгубил работата и фамилијата немала никакви приходи. Во првите осум недели заработиле 250.000 долари.
Продавање на пиксели – Британскиот студент Alex Tew се збогатил откако во 2006 година ја лансирал Milion Dollar Website. Страницата се состои од милион пиксели, а Alex продавал простор во блокови од 10х10 на компаниите кои сакале на страницата да се рекламираат. Наплатувал еден долар по пиксел и заработил еден милион долари за еден месец.
Очила за кучиња – Многумина сеуште се збунети како е можно ваков производ да има на пазарот, но изумителите на очилата за кучиња се милионери. Doggles за некои е најбескорисната работа на светот кој би можел некој да ја купи но сепак за нив пари одвоиле милиони луѓе откако очилата ги патентирал брачен пар од Калифорнија.
Одговори на писма од Дедо Мраз – Комерцијализацијата на божик на многумина им донесла голема заработка. Основачите на страницата SantaMail.org, кои на барање пишуваат персонализирани одговори на дечји писма до Дедо Мраз во последните 12 години заработиле повеќе од 3,5 милиони долари.