Многумина од нас често го подгреваат јадењето во микробранова или едноставно го користиме стариот шпорет, но можеби не сте знаеле дека некои намирници никогаш не смеат да се подгреваат бидејќи содржат супстанци кои при повторно загревање стануваат токсични. Тоа може да остави краткорочни последици како проблеми при варењето на храната, но и подолгорочна штета на здравјето.
-Целер. Воглавно се користи за варење супа, пире или салата. По приготвувањето целерот треба да се одвои од супата и да се јаде свеж. Тој содржи нитрати кои стануваат токсични при повторно загревање.
-Јајца. Исто така припаѓаат во групата рискантни намирници. Никогаш не подгревајте тврдо варени јајца, кајгана или мусака со прелив од јајца. Како и повеќето други намирници најдобро е да се изедат свежо припремени. Може да се чуваат во ладилникот и да се изедат ладни.
-Спанаќ. Експертите препорачуваат приготвениот спанаќ да се јаде веднаш по припремањето и да не се остава за подоцна, а особено за ден потоа. Тој содржи висок процент на нитрати кои по подгревањето се претвораат во канцерогени нитрати кои се опасни по здравјето.
-Компир. Многумина од нас чуле од постарите дека приготвен компир нигогаш не се подгрева и не се остава за ден потоа. Имено, се работи за изразито здрава намирница која ги губи сите свои нутриенти за време на подгревањето, но станува и токсична. Ако припремате варива за неколку дена, не ставајте компир во нив.
-Печурки. Се јадат веднаш по припремањето. Подгревањето го менува составот на протеини во печурките поради кои може да дојде до разни проблеми со варењето на храната и желудочни проблеми. Тие исто така го менуваат и вкусот. Забраната важи и за супите но и за сите други јадења кои содржат печурки.