Успешните луѓе веруваат дека успехот доаѓа со намера и акција, а спрема пишувањето на Business Insider овие се петте работи кои тие никогаш не ги прават:
–Не дозволуваат минатото да им ја диктира иднината – Сите имаме ограничувања, предизвици, но и грешки. Најважно е тие работи да не бидат пречка за напредокот, туку од грешките нешто да се научи.
–Не оговараат – Тешко е да се држи дистанца од секојдневните трачеви, но треба да се знае дека личноста која оговара други лица, исто така ве оговара и вас. Наместо трач, подобро е отворено да говорите за идеите и чувствата.
–Не доцнат – Иако многумина тврдат дека се лица кои доцнат, тоа е само нивен избор. Од друга страна успешните луѓе никогаш не доцнат туку на закажаните термини или состаноци понекогаш доаѓаат и порано.
–Никогаш не се жалат – Нелсон Мендела рекол: “Лутината е исто како да испиете отров и да се надевате дека ќе ги убие вашите непријатели”. Истото важи и за горчината и љубомората – единствениот штогуби на крајот сте вие.
–Не ги прекинуваат другите – Кога во разговор ги прекинувате другите, всушност порачувате дека не ве интересира што сакаат да кажат. Ако сакате да отствари вистински однос тогаш слушајте што зборуваат другите.