Пет лица загинаа денеска во Нов Зеланд откако чамец со 11 лица се преврте во близина на Каикура, крајбрежен град на Јужниот остров.
Радио Нов Зеланд (RNZ) објави дека градоначалникот на Каикура, Крег Макл, верува дека кит го превртел чамецот.
Сепак, полицијата не ја потврди причината за несреќата.
Ова е трагичен настан кој погодува многу животи, не само семејствата на жртвите и нивните најблиски. Го затворивме пристаништето за да можеме да продолжиме да работиме – рече Макл на прес-конференцијата, пренесува RNZ.
„Точните околности на инцидентот ќе бидат предмет на истрага“, изјави началникот на локалната полиција Мет Бојс.
Полицијата сеуште ги идентификува жртвите, а нивните имиња не се соопштуваат. Шестмина преживеани се пренесени во медицинскиот центар во Каикура, а еден превентивно е пренесен во болницата Крајстчерч, соопшти полицијата.