Skip to main content

Хаос на аеродромите

Пилотите на Луфтханза утре на штрајк

VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.
 |  инфодеск  | 
Луфтханза

Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза утре ќе штрајкуваат откако не успеаа да постигнат договор за платите со раководството, соопшти нивниот синдикат.

Синдикатот, Vereinigung Cockpit (VC), соопшти дека преговорите за плата се прекинати и штрајкот ќе ги опфати пилотите во патничкиот и товарниот превоз на сите летови на Луфтханза од Германија.

VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5,5 отсто оваа година, а потоа раст усогласен со инфлацијата.