Skip to main content

Писма со бел прав пристигнуваат во училишта во САД

До училиштата во Вашингтон биле испратени 29 сомнителни писма со бел прав, за што американските власти веднаш започнаа истрага.

 |  Маја Савиќ  | 
pisma
опасни писма
До училиштата во Вашингтон биле испратени 29 сомнителни писма со бел прав, за што американските власти веднаш започнаа истрага.

Во едно од писмата се споменува Ал Каеда поради што и почнала истрагата, јавуваат американски медиуми.

Според официјални извори на кои се повикуваат дел од американските медиуми, белиот прав бил всушност обично брашно.

По ликвидирањето на Осама бин Ладен во Пакистан на 1 мај, во САД се засилени мерките за безбедност. По нападите од 11 септември 2001 година, пет луѓе починаа откако отворија писма во кои бил вирус на антракс и испратени на различни места во Вашингтон.


{loadposition content9}