Овој древен пијалок преживеал до ден денес во својот изворен облик и со право покрај чајот е најраспространетиот пијалок на светот.
За производство на пиво се користат четири природни состојки – вода, слад, хмељ и квасец, што е во согласност со законот за чистота на пивото кој потекнува од далечната 1516 година. (германски Reinheitsgebot). Спрема тој закон, за производство на пиво е дозволено да се користат само слад, хмељ и вода, а подоцна тој список е дополнет и со пивскиот квасец, за кој во времето на Reinheitsgebot не се знаело.
Во последните 30 години научните докази говорат дека умерената конзумација на алкохол ја намалува стапката на смртност, посебно кога станува збор за кардиоваскуларните болести. Со разоткривањето на бројните супстанци кои природно се наоѓаат во пивото, и овој пијалок се нашол во жариштето на интерес на многу научници. Низа од студии покажале дека умерената конзумација на пиво може да допринесе за превенција на карциногенеза, остеопороза, дијабетис тип 2 и кардиоваскуларни болести.
Не треба да се игнорира релаксирачкиот ефект на алкохолот и хмељот кои го намалуваат нивото на стрес, кој игра важна улога во развојот на болестите на денешницата кои се поврзани со начинот на живеење.
Уште еднаш треба да се напомене дека сите овие позитивни страни се манифестираат со умерена конзумација кај здрави возрасни лица што изнесува 3-6 dl пиво дневно за мажи и 3 dl дневно за жени. Значи клучниот збор е “умерено”, бидејќи со прекумерно внесување алкохолот ги губи сите добри страни и станува разорен непријател на психата и телото.
{loadposition content9}