Формула 1 по 83 години ќе се гледа на централните улици низ Белград.
На 17-ти септември на улиците на главниот град ќе се одржи најочекуваниот спортско-социјален настан на годината „Red Bull Show Run“, а за најверните фанови во продажба се билети за четири трибини во строгиот центар на градот.
Шампионскиот автомобил „РБ7“ на Себастијан Фетел ќе вози низ белградските улици, а сензационалниот автомобилски спектакл ќе го комплетираат „дрифт шоу“ и „каскадерско возење“ со мотоцикли. Главните ѕвезди на настанот се шампионот во Формула 1 Дејвид Култхард, Ред Бул Дрифтбрадерс и Арунас Гибиежи, специјалист за „каскадерско возење“.
Комплетното шоу ќе трае повеќе од 3 часа и ќе биде проследено со богата музичка програма на која ќе настапат поп-пејачката Тијана Богиќевиќ и бендот Дејан Петровиќ.
Трасата на настанот оди низ улиците Студентски трг – Васина – Трг Република – Коларчева – Теразија и назад. ВИП штандови ќе бидат поставени во 4 зони, а билетите се достапни на веб-страницата tickets.rs .
За прв пат од 1939 година, кога се одржа Гран При во Белград, тогаш најголемиот автомобилски настан во светот, сите присутни ќе можат да го доживеат спортскиот аудио-визуелен спектакл на сировата моќ на Ред Бул Рејсинг Формула 1 автомобил!