Skip to main content

„Побегна“ ли уште еден супервирус?

Од Универзитетот во Тексас порачаа дека не е компромитиран безбедносниот систем и не веруваат дека некој ја украл епруветата со вирусот.

 |  Голабовски Крсте  | 
guanarito virus
гуанарито вирус

Од Универзитетот во Тексас порачаа дека не е компромитиран безбедносниот систем и не веруваат дека некој ја украл епруветата со вирусот. Велат дека најверојатно истата е уништена за време на чистењето, но истрагата продолжува.

glushecМинатата недела од Истражувачкиот центар во Галвестон исчезна епрувета со опасниот вирус Гванарито, кој предизвикува потенцијално смртоносна хеморагична грозница. Велат дека истата најверојатно е уништена за време на чистењето, но истрагата во секој случај ќе продолжи како би се утврдиле вистинските причини за тоа што се случило.

Вирусот Гуанарито потекнува од Венецуела, а може да се пренесе единствено преку контакт со стаорците од венецуела. Експертите велат дека глодарите кои живеат на територијата на САД не би можеле да го пренесат, а додаваат и дека истиот не може да се пренесе од човек на човек.

{loadposition content9}