WiFi користиме скоро секаде каде што имаме можност со компјутерот или телефонот, но иако работи солидно, Samsung тврди дека пронашол побрз начин за пренос на податоците по пат на безжичната мрежа кој е дури пет пати побрз од постоечкиот.
Теоретски WiFi е брз, но благодарение на ѕидовите, прозорците, вратите и останатите препреки, таа брзина никогаш не ја достигнуваме, но Samsung тврди дека има решение за овој проблем. Имено, од компанијата истакнуваат дека развиле 60 GHz WiFi технологија која ќе ги спои теоријата и праксата, со други зборови препреките нема да пречат при работата на WiFi.
Со помош на новата технологија ќе може да се пренесува 4,6 гигабити по секунда, односно 575 MB по секунда. Тоа значи дека оваа технологија е пет пати побрза од моментално достапната која може да пренесува 108 MB по секунда.
Оваа технологија ќе користи нов стандард од 60 GHz, односно поинаков од сегашниот кој користат 2,4 GHz односно 5 GHz технологија. Со ова би се решил проблемот на интерференција со други канали како и проблемот со бројот на уреди кој ја користат истата мрежа.
Samsung вели дека оваа технологија ќе ја вградува во бројни уреди, а овој стандард би можеле да го видиме веќе следната година на пазарот.
{loadposition content9}