По кратко боледување на 72 годишна возраст денеска почина Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“. Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Веста за неговата објави смрт ја објави официјалната страница на групата „Рибља чорба“.
Во Рибља чорба беше член од нејзино основање, од септември 1978 година. Бендот станал еден од најпопуларните на просторот на Југославија, рангиран како бенд со светски квалитет од страна на светски рок-критичари.