Skip to main content

Најконтроверзниот италијански политичар

Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони

Берлускони боледувал од леукемија „подолго време“ и неодамна добил инфекција на белите дробови.
 |  инфодеск  | 
Берлускони

Поранешниот премиер на Италија и медиумски магнат, Силвио Берлускони, почина на 86 години, јави Ројтерс.

Берлускони боледувал од леукемија „подолго време“ и неодамна добил инфекција на белите дробови.

Партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони, и иако тој самиот немаше улога во владата, неговата смрт најверојатно ќе ја дестабилизира италијанската политика во наредните месеци. Берлускони го искористи своето богатство и медиумската моќ за да се вклучи во политиката во 1994 година и беше премиер на Италија од 1994 до 1995, 2001 до 2006 и 2008 до 2011 година