Skip to main content

Почитување на примирјето во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас засега планира да го почитува примирјето со Израел, но е подготвено да ги обнови борбените дејствија ако не биде симната блокадата на појасот Газа, изјави во интервју за јапонскиот весник „Асахи“ заменик претседателот на Политбирото на Хамас Муса Абу Марзук.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gаza
Газа

„Наша делегација во моментов се наоѓа во Каиро и води преговори за продолжување на примирјето. Ние настојуваме за се повлечат сите израелски контролни пунктови околу појасот Газа“, изјави Марзук.

„Подготвени сме да ги обновиме борбените дејствија доколку блокадата не биде повлечена“, изјави лидерот на Хамас.

GazaИзраел како услов за симнување на блокадата го постави прекинувањето на испораките со оружје за Газа, потсетува агенцијата.

„Но луѓето кои се наоѓаат под окупација, треба да имаат оружје, за да се спротивстават“, подвлече Марзук во врска со овој услов.

Тој, исто така, потврди дека исламистичкото движење нема да дозволи меѓународни набљудувачи во појасот Газа, кои ќе го следат прекинот на испораките за оружје на оваа територија.

 {loadposition content9}