Хрватската државна телевизија, ХРТ, објави дека зочнаа подготовките за отстранување на зградата на Вјесник уништена во пожарот минатата година.
Во комплексот Вјесник утрово пристигнале багери и припадници на Хрватската армија, кои треба што поскоро да го запленат целиот мебел на Хрватскиот парламент што беше складиран таму. Исто така, утрово во Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот се одржал и координативен состанок, на кој, покрај изведувачот и стручниот надзор, учествувале и претставници на Градот Загреб. Според Тончи Главиниќ, претставник на хрватското министерство за градежништво, во моментов, во облакодерот на Вјесник на 15-ти кат се спроведуваат истражни активности, односно се земаат примероци од бетон и арматура. Од безбедносни причини, на тој кат се поставени и 12 потпори, а резултатите од тестовите треба да бидат готови во следните два или три дена.
Во договорт со фирмата „Еурко“ кој е потпишан минатата недела, „Вјесник“ треба да се отстрани во рок од 90 дена.