Почнува обештетувањето на семејствата на жртвите
Авиокомпанијата „Ер Франс“ ќе им надомести на семејствата на жртвите од несреќата на 1 јуни, кога загинаа 228 луѓе, јави вчера главниот извршен претставник на компанијата.
| Крсте Голабовски | Свет
zrtvi
Авиокомпанијата „Ер Франс“ ќе им надомести на семејствата на жртвите од несреќата на 1 јуни, кога загинаа 228 луѓе, јави вчера главниот извршен претставник на компанијата.
Првата аконтација што ќе биде исплатена за секоја жртва приближно е 17.500 евра.
Авионот на лет АФ 447, од Рио де Женеиро до Париз, се урна во Атлантикот, додека леташе при силно невреме. Причините за несреќата не се познати. Бразилски и француски бродови се’ уште го пребаруваат океанот, во потрага по остатоци и тела.
„Засега ќе се сконцентрираме на првата аконтација што ќе биде исплатена за секоја жртва, приближно 17.500 евра“, изјави главниот извршен претставник на „Ер Франс“, Пјер-Анри Журжон за радио РТЛ.
„Адвокатите на нашите осигуреници во секоја земја им се обраќаат на семејствата на жртвите и се обидуваат да организираат авансно плаќање“, рече тој. Журжон ги презентираше исплатите како гест на сожалување од авиокомпанијата, а не признавање на одговорност.
Патниците од 32 националности загинаа во несреќата на авионот „ербас 330“. Меѓу нив биле 61 Французин и 58 Бразилци.
На прашањето како се одвива истрагата за причините за несреќата, Журжон ги пренесе зборовите на претпазливост од француските иследници, кои оваа седмица изјавија дека се поблиску до разјаснувањето што се случило, но се’ уште не се сигурни. Иследниците јавија дека во оваа фаза не е можно да се знае дали несигурните читања на брзината од сензорите на авионот придонеле за несреќата. Црните кутии на авионот не се пронајдени. Журжон рече дека не изгубил надеж оти ќе бидат лоцирани.

{loadposition content9}