Јужнокорејската компанија Samsung, без претходна најава, одлучила да ја затвори својата најголема продавница во Велика Британија, “experience store” во Лондон.
Демонтирањето на ентериерот започнало ноќта помеѓу 23 и 24 декември, кога сите вработени биле известени за отпуштањата, што во очи на католичкиот Божик сигурно не е убав подарок.
Samsung прецизирал дека сака да ги задржи другите продавници во Велика Британија, но затворањето на најголемата не е позитивен сигнал дека ќе продолжи моделот на продажба и претставувањето на производите креиран по примерот на продавниците на Apple, “Apple store”.
Ова забрзано затворање на продавници многумина ги изненадило, а можеби и не би требало со оглед дека Samsung во третото тромесечие забележа резултати на работење кои се во “слободен пад”, како и константно паѓање на продажбата на мобилни телефони.
Компанијата очигледно одлучила да ги намалува трошоците, што побрзо, што впрочем е несомнен индикатор дека резултатите за тромесечието кое е во тек нема да ја надмине негативната ситуација во која паднаа.
{loadposition content9}