Прехранбената индустрија вработува повеќе од милијарда луѓе, но во оваа игра иако има повеќе од илјада играчи сепак овие десет ги одредуваат правилата.
Во извештајот за 2013 година под името “Behind brends”, организацијата Oxfam зборува за десет највлијателни корпорации, кои се занимаваат со производство и промет на храна и пијалоци, и нивното влијание во исхраната, но и влијанието на животната средина и односот спрема работниците.
Сите десет компании имаат годишни приходи кои се бројат во десетици милијарди долари, вработуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а уште неколку милиони работат по договор. Секако дека трошат многу пари за рекламирање, а девет од нив се меѓу најголемите 100 огласувачи на светот.
Еве кој ја контролира храната во светот:
-Nestle има приходи од 103,5 милијарди долари, трошоци за маркетинг 3 милијарди, профит од 11,2 милијарди и вработени 333.000. Апсолутен гигант во прехранбената индустрија а под нивна капа се Buitoni, Nestle и Delta сладоледите, водите Perrier и SanPelegrino. Oxfam наведува дека компанијата е со највисоки оценки во категоријата транспарентност, однос спрема изворите и климатските промени.
-Unilever group е британско-холандска група и освен храна и пијалок произведува козметика и куќна хемија. Сепак храната носи половина од приходите на оваа компанија. Приходите се 68,5 милијарди долари, трошоци за маркетинг 7,4 милијарди, профитот е 6,7 милијарди долари а има 174.381 вработени. Познати нивни брендови се Lipton, Helmans, Knor…Oxfam ги вклучува во самиот врв по прашањето за однос кон вработените и заштита на човековата околина.
-PepsiCo Inc.има приходи од 66,4 милијарди, трошоци за маркетинг 2,5 милијарди, профит од 6,7 милијарди, а има 274.000 вработени. Иако е позната по брендот Pepsi и Gatoride, тие исто така се препознатливи и со брендовите Doritos и Quaker. Компанијата секогаш се наоѓа при врвот на листата на сите најсилни брендови, а во последно време многу води грижа за лансирање на здрави производи.
-Mondalez е името зад кое се крие многу попознатиот Kraft. Mondalez се создаде во 2012 година кога управата на Kraft одлучи да се подели на две компании, а под капата на Mondalez се брндовите како Cadbury, Oreo, Milka, Filadelfia, Toblerone…Иако се става меѓу најголемите играчи, Oxfam му додели ниски оценки за транспарентност и за политиката спрема климатските промени.
-Mars е единствена приватна компанија од овие десет и е во фамилијарна сопственост на американската фамилија Mars. Компанијата има приходи од 33 милијарди долари, трошоци за маркетинг 2,2 милијарди, профитот не е објавен, а вработува 60.000 луѓе. Oxfam не беше наклонет да и додели високи оценки за односот спрема водата и земјата.
-Kellogg e најмала компанија со приходи во оваа листа со 14,8 милијарди долари, маркетинг 1,1 милијарда, профитот не е објавен, а вработува 30.277 луѓе. Мал приход во однос на другите, но тука се бројните брендови како Pringles, Gardenburger и други.
-General Mills е кај нас малку позната но една од најголемите во светот и лидер во трговијата со брашно во САД. Има приходи од 17,9 милијарди долари, маркетинг 1,1 милијарда, профит од 1,8 милијарди долари а вработени 43.000.
-Coca-Cola е бренд број еден во светот, со 28,2 милијарди продадени сандаци пијалок. За компанијата не треба да се трошат зборови, а Oxfam ја става при врвот за односот спрема животната средина и за односот спрема вработените кои се 130.600.
-Danone е позната француска компанија која одамна се прошири во цел свет. Најголем дел од приходите ги собира од млечните производи, бебешката храна и водата Evian. Oxfam ги стави во друштво на десетте највлијателни со високи оценки за транспарентност и односот кон изворите на вода.
-Associated british foods има приходи од 21,1 милијарди долари, за маркетинг не е објавено колку троши, профитот е 837 милиони а вработува 112.652 луѓе. Oxfam нашол замерки за односот спрема користење на водата.
{loadposition content9}