Нема потреба да се објаснува за што сѐ се користи аспиринот во медицината и здравјето на луѓето, но овој лек сепак може да се употреби и за други корисни работи. Ова се четири поинакви начини на употреба каде аспиринот има успешно дејство.
–Го намалува појавувањето на првут – Поради салицилната киселина која се наоѓа во аспиринот, а која е состојка на многу шампони против првут, аспиринот може да помогне во борбата против оваа досадна појава во косата. Здробете два или три аспирини и измешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја користите при секое миење на косата. Нанесете на косата и добро истријте ја мешавината во темето, а потоа оставете да делува три до пет минути, и на крај темелно измијте ја косата.
–Смирува убоди и каснувања – Благодарение на анти-воспалителните агенси, аспиринот може да го намали црвенилото и отокот при убоди и каснувања од инсекти. Навлажнете една таблета аспирин и ставете ја да делува на местото неколку минути.
–Отстранува дамки – За отстранување на дамки од пот, измешајте во сад три здробени аспирини и пола чаша топла вода. Ставете го исфлеканиот дел од маицата во садот и нека отстои два часа. Потоа исперете ја маицата. Со истата мешавина можете да отстраните и флеки од никотин или трева на рацете. Нанесете ја мешавината на дамките, оставете да делува 15 минути, а потоа рацете темелно измијте ги.
–Помага при раст на растенијата – Аспиринот е корисен и за сите видови растенија, било да се внатрешни или надворешни, бидејќи ги прави поотпорни и помага при растењето. Растопете еден аспирин во 3,5 литри вода и попрскајте го растението. Ако сакате да го продолжите животот на свежото цвеќе во вазната, ставете еден аспирин во водата.
{loadposition content9}