Skip to main content

Се појави фотографија на iPhone6 во фабричко пакување

Претставувањето е најавено за 9 септември

 |  инфодеск  | 

Иако iPhone6 е најавен за 9 септември и интернетот е преполн со бројни шпекулации и наводни фотографии, не постои причина да се поверува дека Apple ќе претстави нешто поинаку од сето она што сме имале прилика да видиме, а најновите слики одат во прилог на ова тврдење.

Кога беше претставен iPhone5 малкумина беа изнeнадени. Неколку слики на овој телефон веќе наголемо кружеа по интернет, а се чини дека приказната кога е во прашање iPhone6 е иста.

Иако имавме прилика да ги видиме наводните фотографии на овој уред, неодамна се појавија фотографии на новиот iPhone во продажна амбалажа. Изворите тврдат дека фотографијата ја направило лицето кое се занимава со beta тестирањето во Apple, но сепак нивната автентичност треба да се земе со резерва.

Меѓутоа, откако интернет страницата TechRadar додатно се позанимавала со деталите од фотографијата, како и со самиот извор, неговите новинари тврдат дека навистина на фотографијата е новиот iPhone6, но со сигурност нешто помалку од 100%.

Сликата го прикажува уредот чиј дизајн не се разликува драстично од постоечкиот, но она што може да се забележи е дебелината на телефонот која е далеку помала.

Целокупниот впечаток се сведува на тоа дека без сомнение се работи за телефон на Apple.

{loadposition content9}