Се чини дека борците на Исламската држава сѐ повеќе се соочуваат со напади од разни герилски групи. Мали групи на Сиријци ловат џихадисти во нивните упоришта на северот од земјата за да стават крај на сѐ поголемата бруталност на оваа исламистичка група.
Главна цел на герилците е да го разниша раководството на Исламската држава, вели лидерот на “Бело платно”, група која тврди дека досега убила повеќе стотини милитанти во провинцијата Деир ал Зор.
Додека воздушните напади на сојузниците продолжуваат, овие герилски групи се покажаа како нов противник на Исламската држава на копно.
Зборот “платно” во името на оваа група, алудира на платното со кое ќе бидат завиткани телата на борците на Исламската држава кои се одговорни за злосторствата над сиријскиот народ.
Герилците се свесни дека не се во позиција да ја уништат Исламската држава, но веруваат дека можат да им создадад проблеми. Не покажуваат никаква милост спрема исламистите. Ако ги фатат со сигурност ги ликвидираат.
80% од припадниците на “бело платно” не се бореле пред доаѓањето на Исламската држава, но се придружија поради бруталноста која и сами ја почуствуваа.
Сиријските опсерватори за човекови права го потврдија постоењето на оваа герилска група, но потврдуваат и дека постојат и други а помеѓу другите тука се и “фантомска бригада” и “бригада на ангели на смртта”, пишува Daily Mail.
{loadposition content9}