Pokemon Go, игра во надоградена реалност се шири низ светот со неверојатна брзина, иако е лансирана пред неколку дена.
Од своето појавување, апликацијата е инсталирана преку 15 милиони пати, податоци земени од компанијата Sensor Tower.
Судејќи спрема бројот на инсталации, не е големо изненадување што Pokemon Go моментално се наоѓа во врвот на листата во продавниците за апликации.
Она што изненадува, е времето кое го поминуваат корисниците на Pokemon Go, во однос на најпопуларните пет апликации.
Спрема анализите на компанијата Sensor Tower, просечен iPhone корисник проведува повеќе од 33 минути во апликацијата, во споредба со 22 минути колку што се поминува на Facebook или 18 минути на Snapchat. Овие анализи се однесуваат на употреба на апликацијата на дневно ниво.
Моментално никој не демантира дека Pokemon Go е прав хит, а она што сите го очекуваат е да видат во наредните недели дали играта ќе успее да ја одржи свежината и дали ќе остане интересна за корисниците на подолг период.