Албанската телевизија „Euronews“ објави вознемирувачка снимка од надзорната камера на која се гледа како полицаецот Лудијам Зaими убива колега во полициска станица во Тирана.
На снимката најпрво се гледаат неколку полицајци како седат на масите во полициската станица.
Во еден момент, полицаецот Чауш С. ја напушти собата и седна до влезната врата. Набргу потоа излегол Заими и го извадил службениот пиштол и испукал најмалку шест истрели. Заими наводно пукал во главата и телото на колега. По убиството се обидел да избега, но бил фатен пред полициска станица во Тирана.
Засега не е познат мотивот за убиството.