Skip to main content

Полицијата го откри мажот кој се потпиша на Колосеумот, по потекло е од Балканот

Неговите корени се од Бугарија, но живее во Велика Британија каде работи како фитнес инструктор и се претставува како Иван Хокинс.
 |  инфодеск  | 
Колосеум

Италијанската полиција го утврди идентитетот на мажот кој го издлабил своето име и името на својата девојка на Колосеумот во Рим.

„Крајно срамно и знак на голема некултура е турист да навредува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство.“ – изјави министерот за култура Џенаро Сангуилијано, кој додаде дека виновникот ќе биде пронајден и казнет. Како што беше ветено, виновникот е пронајден.

„Се работи за пар, маж и жена, кои живеат во Англија. Треба да се напомене дека постапката е во фаза на прелиминарна истрага, па осомничениот мора да се смета за невин до изречена правосилна пресуда.“ – се вели во официјалното соопштение на карабинерите.

Тој беше снимен од друг турист, Рајан Лук, додека го резба „Иван и Хејли 23“ на ѕидот на Колосеумот, градба стара 2000 години.

Италијанските карабинери изјавија дека видеото им помогнало да го идентификуваат парот, но не ги соопштија нивните имиња.

„Потекнува од Балканот. Неговите корени се од Бугарија, но живее во Велика Британија каде работи како фитнес инструктор и се претставува како Иван Хокинс. “ – објавија британски медиуми.

„Им благодарам што веднаш го идентификуваа наводниот сторител на овој нецивилизиран и апсурден чин. Тоа е чин кој ги навреди сите оние ширум светот кои ја ценат вредноста на археологијата, спомениците и историјата. Сега се надевам дека правдата ќе си оди по својот тек и дека законот ригорозно ќе се применува – изјави министерот за култура Џенаро Сангуилијано.

Казната со која се соочува туристот се движи до 15.000 долари.

Италија го бара туристот кој си го напиша името на Колосеумот | Портал ТВМ (tvm.mk)