Француските власти се сомневаат во француската филијала на Google дека интернет џинот затаил 1,6 милијарди евра данок, пренесува BBC.
Рацијата започнала во 5 часот утрово, пренесува парискиот весник Le Parisien и е спроведена во строга тајност за да се избегне пренесување на информациите.
На лице место се нашле стотина француски истражители, пет финансиски обвинители и огромни полициски сили, пренесува The Local.
Google не бил достапен за коментар на прашањата на AFP. Во февруари француските даночници побаруваа од технолошкиот џин 1,6 милијарда евра неплатен данок, што министерството за финансии не го потврди.
Google и други мултинационални компании како Amazon и Facebook редовно се на мета на критики дека сакаат да избегнат даноци, како во САД така и во Европа, така што отвораат седиште во земји со пониски даноци и го нарекуваат даночна оптимизација.
Европското седиште на Google е во Ирска, една од земјите со најниски даноци на добивка во ЕУ.
Француската филијала на Google во март 2014 примила од француската даночна служба соопштение за новата пресметка на данок, но сумата не се наведува.