Skip to main content

Аеродром шарл де гол

Полицијата застрела маж со нож во Париз

Маж бил застрелан од полицаец на аеродромот Шарл де Гол, во близина на Париз, откако замавнал со нож, соопштија полициски извори.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Париз

На аеродромот Шарл де Гол полицијата застрела маж кој бил вооружен со нож, јавува BFMTV, повикувајќи се на неименуван извор.

Како што се наведува, на терминалот 2Ф полицијата неколку пати побарала од мажот да го фрли ножот, но тој не сакал да го стори тоа.

Кога почнал да се приближува до полицијата, тие отвориле оган кон него.

Според првичните информации, напаѓачот имал нож со кој замавнал кон патниците.

Полицијата го неутрализираше лицето кое се закануваше со нож на аеродромот“, соопштија од полициската станица.

Пукањето се случило околу 08:20 часот по локално време.

Наводно станува збор за бездомник кој бил застрелан бидејќи ги тероризирал безбедносните и граничните полицајци, кои биле повикани да го отстранат од аеродромот.