Skip to main content

Јужен дел на Украина

Полициски час во регионот на Одеса

Градскиот совет на Одеса соопшти дека во регионот е воведен полициски час, кој почнува утре во 20 часот по локално време и ќе трае до пет часот наутро во понеделник.
 |  инфодеск  | 
Одеса Украина

Полициски час во регионот на Одеса од утре во 20 часот по локално време до пет часот наутро во понеделник. Ова го соопшти денеска Градскиот совет на Одеса.

Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати.

Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.