Skip to main content

Од полноќ, САД под буџетска блокада

По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаа да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци.

 |  Голабовски Крсте  | 
senatori
сенатори

По целодневно гласање и прегласување во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот не успеаа да постигнат договор за буџетската резолуција со која финансирањето на централната Влада на САД ќе продолжеше уште неколку месеци.

Со тоа, од полноќ, САД влегоа во буџетска блокада, во која голем број административни служби ќе останат без пари.

dolari– Сакам да бидам јасен околу тоа што ќе се смени. Владини канцеларии ќе се затворат. Платите ќе доцнат. Витални услуги од кои зависат нашите пензионери, ветерани, жени и деца, компаниите и за економијата, ќе бидат силно притиснати. Сопствениците на компании ќе се соочат со доцнење во собирањето капитал, барањето дозволи за инфраструктурата или во обновата по ураганот Сенди. Туристите ќе бидат соочени со затворени национални паркови и споменици, изјави претседателот Обама.

Претставничкиот дом во кој републиканците се во мнозинство, поднесе неколку предлози до Сенатот И ПОБАРА да се одложи здравствената реформа позната како Обамакер,како услов да глсаат за буџетот , но демокртаите не прифатија.

САД досега 17 пати се соочиле со ваков вид на блокада, при што последната, на крајот на 1995 и почетокот на 1996 година, траела 28 дена.

{loadposition content9}