Skip to main content

Половина година од легализацијата на марихуаната

Настанале две големи промени по легализацијата на марихуана

 |  инфодеск  | 

По само шест месеци од легализацијата на марихуаната во американската држава Колорадо се случиле две големи промени, пишува порталот mic.com

Како прво, приходите испаднале многу повисоки од што се очекувало. Само во март, трговците продале легална и оданочена марихуана во износ од 19 милиони долари, што е 5 милиони повеќе од претходниот месец. Во првите 4 месеци државата прибрала повеќе од 10 милиони долари данок од продажба на марихуана.

Спрема предлог буџетот за следната фискална година, гувернерот John Hickenlooper очекува продажба на марихуана во вредност од една милијарда долари, а приходи од даноци од 134 милиони долари, а во продавниците промет од околу 600 милиони долари, што е за 50% повеќе од она што очекувале.

Другата голема промена е тоа што нагло се намалила стапката на криминал. Апсењата поврзани со марихуаната, која сочинуваат половина од сите казнени дела со дрога, осетно опаднале во Колорадо, ослободувајќи ги властите да се фокусираат на други видови на криминал.

Спрема официјалните податоци на градот Денвер и неговата околина, забележан е пад на стапката на убиства за 53% од кога е воведена легализацијата на марихуаната, во споредба со истиот период една година порано, наведува помеѓу другото порталот mic.com

{loadposition content9}