Skip to main content

Полска повторно отвора истрага за логорот Аушвиц

Полските власти повторно отвориле истрага за логорот Аушвиц, во кој во текот на Втората светска војска се убиени околу 1,5 милиони лица, а од нив најголем број Евреи.

 |   | 
aushwitz
aushwitz

Полските власти повторно отвориле истрага за логорот Аушвиц, во кој во текот на Втората светска војска се убиени околу 1,5 милиони лица, а од нив најголем број Евреи.

Истрагата за Аушвиц била затворена во 80-тите години на минатиот век за време на Студената војна, а целта на новата истрага е да се пронајдат преживеани нацистички злосторници.

Логорот бил затворен во 1945 година, односно пред 66 години, а преживеаните злосторници сега се во длабока старост, веројатно постари од 90 години.

Властите на нацистичка Германија го отвориле логорот во 1940 година, неколку месеци по инвазијата на Полска. Тоа е место на најголемите еврејски страдања.  

{loadposition content9}