Skip to main content

Поплави во Франција и Шпанија

Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања.

 |  Голабовски Крсте  | 
Бретања
Bretanja

Француската метеоролошка служба прогласи највисоко, црвено ниво на тревога поради поплавите во крајбрежната област Бретања.

БретањаВо изминатите денови баскиската област на француската граница со Шпанија, ја погоди невреме кое предизвика огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови.

Во невремето еден шпански товарен брод удри во ѕид во француското пристаниште Бајон.
Во Шпанија ветрот со јачина од 130 километри на час, предизвика бранови на западниот брег високи осум метри и предизвикаа штети од повеќе милиони евра.

Невреме ја погоди и Велика Британија, која ја ангажираше кралската морнарица да помогне во сузбивањето на разорните поплави, незапаметени во последните 250 години.

{loadposition content9}