Skip to main content

Силно невреме

Поплави во Грција

Меѓу најпогодените се Халкидики, Солун, Лариса и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд поплавени се голем дел од улиците.
 |  инфодеск  | 
Невреме Грција

Невремето што од вчера зафати голем дел на Грција предизвика поплави и проблеми, особено во северните региони на земјата. Меѓу најпогодените беа Халкидики, Солун, Лариса, како и островите Тасос и Евија, каде што поради обилниот дожд се поплавија голем дел од улиците.

Вчера, во период од шест часа противпожарна служба во Солун, Кукуш и Пела добила 340 повици за интервенција поради поплавите и невремето.

Паралелно, удари на гром на три различни локации на Пелопонез предизвикаа помали пожари, а гром удри и во куќа во Лариса и го уништи кровот.

Засега, освен помала материјална штета на домови и возила, во невремето во Грција нема жртви или повредени.