Денешните игри кои се најчесто графички многу детални, можат многу брзо да ви ја потрошат батеријата, а вреди да се напомене дека ви трошат и од пакетот интернет кои го плаќате во сметката.
Овие се осум најпопуларни игри кои можат експресно да ви ја испразнат батеријата на вашиот паметен телефон.
–Angry Birds – Игра која е многу популарна а има стапка на празнење на батеријата која изнесува 185 мегавати. Андроид уредите не се единствени кои го имаат овој проблем, бидејќи корисник на iPhone на еден од форумите вели дека неговиот iPhone во просек секои 25 минути губи околу 10% од батеријата кога игра Angry Birds.
–Candy Crash Saga – Verizon наведува дека бесплатната верзија на оваа игра е многу заразна и спаѓа во групата на висок ризик, и наведува дека покрената апликација ја празни вашата батерија за 3,2 пати побрзо од вообичаеното.
–Fruit Ninja – Уште една многу забавна игра која е во низата која драстично ви ја празни вашата батерија на Андроид и iOS уредите. Таа е на деветто место по брзината на празнење на батеријата.
–Jewels Star – Со многу детална графика, не е ни чудно дека оваа игра е голем потрошувач на енергија, односно на вашата батерија. Спрема AppMonitor, во однос на другите популарни игри Jewels Star има најголема потрошувачка во позадинската работа и изнесува 344 мегавати.
–Hay Day – Игра која е по потрошувачка многу блиску до Jewels Star која во позадинското работење троши 216 мегавати. Корисник од форумите нагласува дека на неговиот iPad батеријата паднала од 73% на 65% за само 15 минути играње.
–Clash of Clans – Игра која е голем потрошувач на батеријата од 209 мегавати, што не зачудува дека многу играчи се жалеле поради тоа. Корисник од форумите вели дека оваа игра ја игра исклучително само ако уредот му е на полнач.
–Temple Run2 – е продолжение на популарната Temple Run. Таа е бесплатна за Андроид и iOS уредите и се наоѓа на шестото место по брзината на празнење на батеријата, што и не зачудува со оглед дека има многу реална графика и мноштво на акции.
–Bejeweled Blitz – Спаѓа во многу заразни игри без оглед дали поседувате Андроид или iOS. Многу е слична на Candy Crush Saga, а Verizon наведува дека е во игри со висок ризик ако ја оставите вклучена, батеријата ќе ви се испразни 2,4 пати побрзо од вообичаено. Исто така треба да внимавате бидејќи може да ви потроши околу 75mb интернет месечно.
{loadposition content9}