Врховниот суд на Иран ја потврдил одлуката на казнениот суд во Техеран кој 30-годишниот Сохеил Араби го осуди на смрт со бесење поради фотографијата која ја поставил на Facebook. Се работи за кадар на нежност помеѓу татко и ќерка кој судот го прогласил за “навреда на пророкот” за што е предвидена смртна казна.
“Ужасно е некој да биде осуден со бесење само затоа што на интернет поставил нешто што други го сметаат за навреда. Иран мора што побрзо да поработи на казнените мерки и да ги исфрлат одредбите кои изразуваат слободна воља и го сметаат за злосторство, посебно кога се работи за смртна казна”, рекол Ерик Голдштајн, заменик директорот на организацијата Human Rights Watch за Блискиот исток и Северна Африка.
Сохеил и неговата сопруга Настаран ги упасиле во ноември минатата година, а набрзо сопругата ја пуштиле, но Сохеил е задржан во самица два месеци и бил испрашуван без присуство на адвокат.
Од минатата година иранските безбедносни служби многу построго го контролираат интернетот и остро ги казнуваат корисниците на социјалните мрежи кои објавуваат работи кои тие ги сметаат за неподобни.
{loadposition content9}