Најмалку 32 лица се убиени во пукотница во североисточна тајландска провинција, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.
Според полицијата, меѓу загинатите има деца и возрасни.
Според последните информации на тајландските медиуми, наводниот напаѓач е поранешен полицаец кој исто така ги убил сопругата и детето, а потоа се самоубил.
Тајландската влада објави дека инцидентот се случил во дневен центар во Нонг Буа Лампу.