Skip to main content

Порно актерка најавила кандидатура за градоначалник

Професионално не се занимавала со политика

 |  инфодеск  | 

Канадската порно ѕвезда Nikki Benz најавила своја кандидатура за градоначалничка на Торонто.

Иако не се занимавала досега со политика, туку со филмови за возрасни, Nikki Benz смета дека работата може да ја работи подобро од досегашниот градоначалник Rob Ford, познат по бројни скандали, пишува Daily News.

“Можам да направам одлична работа со водење на градот. Ако тоа го може Rob Ford тогаш можам и јас”, рекла Benz.

Бирачите има намера да ги придобие залагајќи се за пониски даноци и со доведување на индустријата за филмови за возрасни во Торонто. “Тоа би било профитабилно за градот”, рекла Benz. Таа исто така сака 7 мај, националниот ден на мастурбација, да го прогласи за празник, односно неработен ден.

Benz играла во 217 филмови. Официјално ја најавила кандидатурата, но сеуште не се регистрирала како кандидат. Кога тоа ќе го направи,таа ќе биде 55-ти кандидат за градоначалник на Торонто, а изборите се закажани за 27 октомври.

{loadposition content9}