Околу 6.000 јужнокорејски полицајци извеле рација во седиштето на верската комуна во градот Ансеонг во потрага по избеганиот милијардер, поврзан со потонувањето на траектот.
Рацијата во црквата е резултат на притисокот на јавноста која веќе три седмици не може да го пронајде Јо Бјунг Ун (74), обвинет за измама и затајување на данок во компанијата каде тој е сопственик на потонатиот траект, на кој настрадаа 292 лица, воглавно средношколци.
Властите ја зголемија вредноста на наградата, за информацијата за тоа каде се крие милијардерот, на половина милион долари.
Претседателката на ЈужнаКореја Парк Гјен-хје претходно побарала од полицијата и обвинителството да се потрудат повеќе за Јо да биде изведен пред лицето на правдата.
Полицјата уапсила три члена на таа верска комуна, чија црква е во негова сопственост, под обвинение дека му помогнале на сомнителниот да избега. Властите најмногу ги интересира дали направената измама и перењето пари во компанијата довеле до тоа да не бидат испочитувани процедурите и безбедносните стандарди.
За поморската катастрофа судењето започнало вчера, а со најтешки обвиненија за убиство се соочени капетанот на бродот и уште три лица.
{loadposition content9}