Skip to main content

Потег на столетието на Airbus

Нова верзија на А330 претставена пред два дена

 |  инфодеск  | 

Европскиот производител на авиони Airbus добил 3000 нарачки за авионот А330neo, новата верзија на својот прославен патнички авион А330, кој беше претставен само пред два дена.

Airbus наведува дека добил 3.000 нарачки за производство на 3.083 авиони од 57 компании и светски фирми. Тие наведуваат дека почнало производството на новата верзија на А330 за да биде попривлечен од конкурентскиот Boing.

Новиот авион А330neo ќе има мотори од британскиот Rolls-Royce и ќе биде изработуван во две верзии – А330-800neo и А330neo. Првите испораки на новиот широкотрупен двомоторен авион од среден домет се очекуаваат во 2017 година.

Главен конкурент на А330 е авионот Boing777 кој има релативно поголем домет.

Јапонската компанија Aviation Capital Group, која изнајмува авиони, нарачала 110 авиони А330neo за 11,8 милијарди долари, додека малезијската нискобуџетна AirAsia нарачала 50 за повеќе од 13 милијарди долари, а британската BritishAirways 20 авиони, наведува Airbus некои од примените нарачки.

Еден авион А330neo чини 102,8 милион долари

{loadposition content9}