Полицијата му го запленила Мерцедесот на Германец кој минатата недела на автопатот кај швајцарскиот град Aargau возел 215 км на час, пишува Spiegel.
59 годишен возач е уапсен и одведен во полициска станица на испрашување, а подоцна е пуштен. Автомобилот не можел да го земе. Имено, според швајцарските закони кои строго ги казнуваат оние кои ги кршат сообраќајните правила кога е во прашање брзината – неговиот мерцедес ќе биде продаден на аукција, а судот пред тоа би требало да му го понуди на Германецот да си го откупи.
На швајцарските автопатишта дозволена брзина е 120 км на час. Се толерира пречекорување од 7 км на час, а 59 годишниот Германец возел додатни 88 км на час над дозволената граница.
Возилата се одземаат на оние кои брзината ќе ја пречекорат за повеќе од 80 км на час. Ако возачите бидат прогласени за виновни, соочени се со затворска казна во траење од една до четири години.
{loadposition content9}