Повеќе од четириесет мртви во протестите во Бангладеш
Најмалку 42 лица загинаа во немирите во Бангладеш, кои избувнаа откако Судот за воени злосторства во Дака го осуди вчера на смртна казна со бесење потпретседателот на партијата Џамат е Ислами, Делвар Хусеин Саједи.
Најмалку 42 лица загинаа во немирите во Бангладеш, кои избувнаа откако Судот за воени злосторства во Дака го осуди вчера на смртна казна со бесење потпретседателот на партијата Џамат е Ислами, Делвар Хусеин Саједи. Тој е осуден поради осум злосторства поврзани со ослободителната војна со Пакистан во 1971 година.
Поради таа пресуда неговите приврзаници излегоа на улиците, каде се судрија со полицијата, ги напаѓаа владините згради, оштетија железнички шини во некои делови на земјата и запалија десетици куќи на провладини луѓе. Полицијата возврати со куршуми и солзавец.
Демонстрантите запалија хиндиустички храм и неколку куќи во областа Ноахали, јужно од Дака, изјавија претставници на полицијата.
Во главниот град властите ангажираа дополнителни полициски сили. Владата нагласи дека силите за безбедност се ставени во состојба на зголемена готовност и оти се ангажирани дополнителни десет илјади војници.
Партијата Џамат во денешното соопштение апелираше до нејзините приврзаници да заминат во џамија и да се молат за лицата, кои настрадале во насилството. Властите стравуваат дека таквите молитиви би можеле да се претворат во улични протести.
Саједи е третата личност, која Специјалниит суд формиран во 2010 година ја осуди за воени злосторства. Најголемата исламска партија во Бангладеп, Џамат ја водеше кампањата против независноста на Бангладеш, но демантира дека нејзините приврзаници се одговорни за злосторства.
Обвинителот Хајдер Али изјави дека Саједи е осуден на смрт, откако е прогласен за виновен по осум точки од обвинението, кои вклучуваат убиства, подметнување пожари, силување и насилно менување на верата на хиндусите и нивно преобраќање во муслимани.
Специјалниот суд се соочува со обвиненија дека ги суди само приврзаниците на опозицијата, а групите за заштита на човековите права тврдат дека неговите судски постапки не ги задоволуваат меѓународните норми. Владата ги отфрлува овие обвиненија и тврди дека судењата се потребни со цел да се „излечат раните“ од војната, во која според нејзините податоци, загинале три милиони лица.
{loadposition content9}