Повеќе од сто луѓе загинаа во земјотресот во Пакистан
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 100 луѓе.
| Крсте Голабовски | Свет
zemjotres Pakistan
Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтеровата скала утрово го погоди југозападниот дел на Пакистан при што загинаа повеќе од 100 луѓе.
Жртвите се од долината Зиарат, провинцијата Белуџистан. Портпаролот на локалната полиција наведе стравува оти бројот на жртвите ќе биде поголем, бидејќи од земјотерсот погодени се осум села во долината Зиарат.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри. Долината Зиарат е една од туристичките атракции во Пакистан, што се наоѓа на 70 километри североисточно од градот Кета.
Пакистанскиот град Кета беше разурнат од земјотрес во 1935 година при што загинаа околу 30.000 луѓе. Најсилниот земјотерс, од 7,5 степени по Рихтер во регионот се случи во октомври 2005 година при што загинаа 75.000 лица, а повеќе од 3,5 милиони беа раселени.