Голем сајбер напад би можел да предизвика проблеми во финансискиот систем и безбедносните експерти го споредуваат со нападот на Светскиот трговски центар од 2001 година.
Во текот на оваа година се забележани бројни напади на американските финансиски институции, а хакерите и сајбер криминалци дошле до голем број на банкарски картички. Во иднина можеме да очекуваме уште повеќе вакви напади од кои стравуваат некои експерти од безбедноста, а можат да доведат до “cyber armagedon”.
Benjamin Lawsky од одделот за управување со финансии на Њујорк рекол за новинарите на The Guardian дека технолошката ранливост на финансискиот систем претставува катастрофален проблем: “Се плашам дека ќе имаме голем сајбер напад од кој сите ќе бидеме ужаснати”. Тој додал дека таков напад би можел да предизвика големи проблеми во финансискиот сектор за одреден период и го споредил со нападот на WTC од 2001 година.
По тој напад сите се прашуваа како тоа безбедносните експерти и тајните служби не успеаа да ги спречат терористите во рушењето на небодерите, а слично би можело да биде и по големиот сајбер напад, на кој се чини дека никој не е спремен. Lawsky вели дека американските финансиски институции размислуваат за конкретни акции со кои сакаат да ги поттикнат банките на зголемување на данокот со воведување на сајбер фонд на осигурување – тоа ќе биде дополнителен трошок за банките, но акционерите и клиентите на банките, како и даночните обврзници ќе мораат тој трошок да го прифатат.
Во текот на последните години хакерите украдоа голем број на податоци за картички од некои големи американски компании како Target, Home Depot и JP Morgan, а освен тоа што станува збор за масовни напади во кој хакерите украдоа десетици милиони банкарски картички, загрижува и тоа дека нападите траеле непрекинато неколку месеци а за тој период не биле откриени.
Овие напади во иднина ќе бидат уште поопасни и ќе биде многу потешко да се откријат, предупредува Lawsky и додава дека денес хакерите можат да нападнат кого сакаат.
{loadposition content9}