Последните студии покажале дека 79% од луѓето сметаат дека е непристојно да се користи мобилниот телефон за време на ручек во ресторан, но 28% од нив сепак тоа редовно го прават.
Еден од њујоршките угостители забележал дека на неговите гости им треба дупло повеќе време за да ги завршат своите оброци. Кога ќе ја добијат храната прво ќе ја фотографираат, па ќе ја објават на социјалните мрежи, а дури потоа почнуваат со конзумирање.
Таквата навика лошо влијае на работењето на угостителите бидејќи гостите седат дупло повеќе, трошат помалку пари, и на крајот тоа влијае на потрошувачката на прехранбената индустрија.
Скоро една третина од луѓето ги посетуваат социјалните мрежи додека ручаат во рестораните, а една петтина од оние кои тоа не го прават сметаат дека рестораните подобро би заработувале и би имале повеќе гости ако се забрани користење на смарт телефоните.
Joe Steele, претседател на управата на Booktable, рекол дека мобилните телефони се сега клучен дел на нашиот социјален и професионален начин на живеење и секогаш е интересно да се види раздорот помеѓу гостите кои се фрустрирани поради честото користење на мобителите и на оние кои сакаат да откриваат нови места и занимливости токму преку социјалните мрежи, пренесува Daily Mail.
{loadposition content9}