17 лица загинаа, а три се повредени во пожарот што избувна денеска во ресторан на североистокот на Кина, јави државната телевизија CCTV.
Пожарот избувнал околу 13 часот по локално време во мал ресторан во Ченгчуен, главниот град на провинцијата Џилин, јавува „Ројтерс“.
Сите повредени се пренесени во болница, а надлежните вршат увид за утврдување на причините за несреќата.