©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Зрче на островот паг

Пожар на најпознатата плажа во Хрватска

Клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат плажата.
 |  инфодеск  | 
Зрче пожар

На најпознатата плажа во Хрватска, Зрче на островот Паг синоќа избувнал голем пожар.

Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот се борат и пожарникари од Доброволната противпожарна бригада на Новаља.

На помош на пожарникарите пристигнало и противпожарно возило.

ХАК јавува дека сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља е во прекин поради пожарот кој избувнал околу 3 часот утринава.

Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат плажата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top