Skip to main content

Германија

Пожар во хотел со украински бегалци

Веднаш по пожарот бегалците биле префрлени во друга институција бидејќи пожарот целосно ја уништил зградата во која биле сместени.
 |  инфодеск  | 
Пожар во Германија

Во градот Грос Штремкендорф, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, избувна пожар во сместување бегалци од Украина, а полицијата верува дека станува збор за подметнување пожар.

Сите 14 жители на куќата каде што избувна пожарот се неповредени – посочува окружната полиција.

Бегалците од Украина порано живееле во хотел, кој бил претворен во сместување за бегалци.

Од моето долгогодишно искуство како пожарникар верувам дека пожарот е подметнат – изјави покраинскиот секретар Тино Шоман, пренесува Танјуг.

Веднаш по пожарот бегалците биле префрлени во друга институција бидејќи пожарот целосно ја уништил зградата во која биле сместени.

Доколку се потврдат сомнежите дека се работи за подметнување пожар, тогаш сторителите мора да бидат најстрого казнети, бидејќи тоа е нехумано – изјави покраинската премиерка Мануела Швезиг.

Таа најави остра реакција на полицијата и порача дека нема да се толерираат вакви дејствија против бегалците.