Skip to main content

Драма среде ноќ

Пожар во Хрватска, изгореа неколку автомобили

Едно возило е целосно изгорено, а седум возила се оштетени од пожар. Се чини дека автомобилот се запалил на паркингот, тргнал и удрил во други автомобили и ги запалил, велат пожарникарите.
 |  инфодеск  | 
Изгорени автомобили

Во Загреб околу 2 часот и 27 минути по полноќ биле запалени неколку автомобили во улицата Мије Болшица, јавува ЈВП Загреб. Пожарникарите велат дека добиле дојава од граѓани за пожар на автомобил на паркинг, но пожарот се проширил и на неколку други возила.

Двапати слушнавме сирени и не разбудија среде ноќ, потоа отидовме до прозорецот и видовме дека паркингот гори. Кутрите луѓе – рекле соседите кои ја набљудувале полициската истрага.

Едно возило е целосно изгорено, а седум возила се оштетени од пожар. Се чини дека автомобилот се запалил на паркингот, тргнал и удрил во други автомобили и ги запалил, велат пожарникарите.

Осум пожарникари го гаснеле пожарот околу еден час. Истрагата ја врши полицијата, а причината за пожарот се уште не е позната.