Skip to main content

Хемиска фабрика

Пожар во Индија, загинаа најмалку 6 лица

Во пожар во хемиска фабрика во јужна Индија загинаа најмалку шест луѓе, а 12 се повредени, јави Ројтерс. Ова е втора несреќа во хемиска фабрика оваа недела.
 |  инфодеск  | 
Пожар Индија

Најмалку 6 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар кој зафати хемиска фабрика во Индија.

Снимките од местото на настанот покажуваат голем пожар, при што најмалку две тела лежат на подот на фабриката.

Постои можност бројот на жртви да се зголеми. Станува збор за фабрика за хемиска обработка и таму се складирани боци со гас – изјави В. Прасана Венкатес, службеник во областа Елуру, за „Ројтерс“.

Тој изјави и дека засега не е позната точната причина за пожарот, кој надлежните го истражуваат, но можно е да се работи за експлозија на плински боци.

Оваа недела во пожар предизвикан од експлозија во хемиска фабрика во сојузната држава Гуџарат, на западот на Индија, загинаа шест лица, јавува „Ројтерс“.