Skip to main content

Ковид болница

Пожар во Солун, загина едно лице

Во ковид болница во Солун утринава избувна пожар при што загина едно лице. Противпожарната служба соопшти дека телото било пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау.
 |  инфодеск  | 
Пожар ковид болница

Едно лице загина во пожар кој избувна утринава во болница во Солун соопшти солунската противпожарна служба.

Пожар ковид болница

Телото на починатот лице било пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау, каде се лекуваат пациенти со коронавирус, пренесе АП.

Сеуште не е позната причината која го предизвикала пожарот, а на видеото од таа локација се гледа како густ црн чад избива низ два прозорци на долниот кат од зградата.

Со пожарот се бореле 30 пожарникари со 11 противпожарни возила.